Целосно изгоре објект на кумановската железничка станица

Сподели со своите пријатели

Објект на железничката станица во кумановското село Речица вчера попладне целосно изгоре во голем пожар, кој избувнал од засега непознати причини, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово веднаш изглегле на терен во 15:00 часот со едно противпожарно возило и четворица пожарникари каде интервенирале во четири наврати.

Пожарот го локализирале, но истиот не можел да биде целосно ликвидиран, затоа што внатрешноста на објектот постојано горела поради голем матерјал дрва и машини кои биле сместени во самиот објект.

фото: архива

Loading...