Царовска: Од септември градинките ќе работат во две смени

Сподели со своите пријатели

Од први септември градинките ќе започнат да работат во две смени, соопшти денеска на прес конференција министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Согласно одлуката донесена од Владата на Република Македонија, првите смени ќе бидат со работно време од 07:00 до 14:30 часот, а вторите од 14:00 до 21:30 часот. Градинките ќе работат и секоја прва сабота во месецот и тоа со работно време од 8 до 16 часот.

Министерството за труд и социјална политика е подготвено за отворање и на нови работни места кои ќе треба да ги задоволат потребите од новото работно време.