Царинските службеници спречија нелегален пренос на девизи на ГП Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Сума од 5.000 евра била откриена при контрола на автомобил со германски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Како што информираат од Царинската управа на Република Македонија, во една од преградите на рачната ташна на возачот се пронајдени вкупно 7.000 евра, за кои истиот не поседувал документи за потекло. Согласно законските прописи, на возачот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок е поведена соодветна постапка.