Цанчев: Сега е време да се посветиме на Западен Балкан

loading...

Бугарскиот амбасадор при Европската унија Димитер Цанчев вели дека Европа долго е преокупирана со решавање на сопствените проблеми и дека сега е крајно време вниманието да се посвети на соседите.

– Сега кога европската економија се крена, сите имаме шанса да ги погледнеме нашите партнери на Западен балкан и да ги увериме дека нивната европска перспектива е реална, изјави Џанчев.

Бугарскиот амбасадор при ЕУ во Брисел, при претставувањето на бугарското претседавање со Советот на Европската Унија, оцени дека Европа во претходните децении била погодена со неколку кризи.

Тоа според негови зборови, резултирало со фокусирање на ЕУ на решавање на сопствените проблеми пред да се занимав со оние околу себе.

– Како резултат на тоа, многу наши партнери, особено оние од Западен Балкан, изгубија надеж во нивната европска перспектива. Тие дури започнаа да бараат прилика за раст и развој на други страни, предупредува Цанчев.

Како пример за подобра соработка и поврзаност во регионот ја наведува иницијативата помеѓу Бугарија, Србија и Македонија, а по пример на укинувањето на роамингот помеѓу земјите членки на ЕУ, да потпишат меморандум за намалување на цените за роаминг услугите во мобилната телефонија.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments