Брнабиќ: Седницата на двете влади ќе се оддржи следната година

Сподели со своите пријатели

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, по денешните разговори со македонскиот колега Зоран Заев, изјави дека е постигнат прелиминарен договор за заедничка седница на  двете влади, што ќе треба да се оддржи кон крајот на февруари или на почетокот на март следната година.

На заедничката прес конференција со македонскиот премиер, Брнабиќ кажа дека на состанокот се разговарало и за конкретни проекти и соработката врз која треба да се работи за на таа заедничка владина седница да се дојде до потпишување на договор.

Извор: МИА

Loading...