Британската премиерка оптимистична за продолжување на преговорите за Брегзит

Сподели со своите пријатели

Британската премиерка Тереза Меј изрази оптимизам за продолжувањето на преговорите за излез од Европската унија и пронаоѓање трговски договор со Брисел.

– Секако, се уште ништо не е заклучено, но имам сега ново чувство на оптимизам во преговорите, се наведува во говорот на Тереза Меј која се обрати во долниот дом на британскиот парламент.

Европската комисија и Велика Британија во петок постигнаа начелен договор за завршувањето на првата фаза од преговорите со што се отвара патот за разговорите за трговскиот договор на двете страни.

Првата фаза од преговорите се однесува на постигнување договор околу три прашања – судбината на европските државјани во Велика Британија по Брегзит и Британците во ЕУ, за границата со Ирска и финансиите, односно износот на финансиските обврски кои Лондон ги има кон ЕУ.

Постигнат е договор Велика Британија да плати сметка од 40 до 45 милијарди евра.

– Она што го предложивме за да преминеме во втората фаза од преговорите, целосно е во рамките со принципите и целите кои претходно ги претставив, оценила британската премиерка која се заложува за излегување од единствениот пазар на ЕУ по перодот од околу две години.