Бразилецот Адриано Триндаде вечерва во Кафе бар „Трговски“

Сподели со своите пријатели

Бразилскиот џез музичар Адриано Триндаде во рамките на својата европска турнеја вечерва свој настап пред кумановската публика ќе има во Кафе бар „Трговски“, неповторлива можност да уживате во прекрасната музика.

Со почеток во 21 часот во најдобриот кафе бар во Куманово. Резервирајте си навреме загарантирана забава.

Триндаде освен џез изведува и самба-рок музика од Бразил, а во рамките на својата турнеја настапи имаше во Холандија, Белгија, Франција, Шпанија, Италија, Ирска, Шкотска, Швајцарија, Чиле, Уругвај, Англија, Нов Зеланд, Данска, Германија, Чешка и уште многу други.

Повеќе детали за него можете да дознаете на неговиот веб сајт, а вечерва не пропуштајте да уживате во неговата музика. Само во Кафе бар „Трговски“.

 

Loading...