БРАВО ДЕВОЈКИ: ОК Сити Волеј Славков и Куманово нов државен шампион!

Сподели со своите пријатели

Одбојкарките на Сити Волеј Славков Куманово (СВСК) ја освоија шампионската титула во домашната одбојкарска женска лига, откако вчеравечер ја обезбедија третата победа во финалните мечеви против составот на Јанта Волеј од Скопје.

По одиграни пет сета и резултат 3:2 избраничките на Славков и Вујадиновиќ го совладаа минатогодишниот шампион и на гостински терен, откако претходно обезбедија две победи пред домашната публика во Куманово.

Двете екипи покажаа силна мотивираност и меч со неизвесност до последна минута.

За СВСК ова е втора титула сезонава, откако претходно го освоија и финалето на Купот на Македонија, каде исто така го совладаа составот на Јанта Волеј со резултат 3:1 во сетови.

Спојувањето на скопскиот и кумановскиот клуб сезонава сепак се покажа како полн погодок кој ги доведе до двојата круна.

 

Loading...