Браун: Ги гледав скоро сите натпревари на Куманово, публиката е навистина одчина

Сподели со своите пријатели

Кошакркарскиот клуб Куманово доби нов член. На местото на досегашниот плејмејкер и капитен на клубот, Александар Костоски кој потпиша со романскиот Питешти, веќе во среда ќе се најде американскиот интернационалец Јонел Браун.

Браун ќе игра на плејмејкерската позиција, а доаѓа од редовите на кипарскиот тим Ниар Ист Универзитетит, каде има играно со „поранешниот кумановец“ Вукашин Мандиќ. Браун е државјанин на Соединетите Американски Држави, каде настапувал за Кенеси Универзитетот, а има 22 години и е висок 175 сантиметри.

Се работи за играч прва година што му е во Европа, играше три-четири месеци на Кипар, значи по препорака на еден бивш играч на Куманово, Вуле Маниќ, му бил соиграч. Кратко ни беше времето, не можевме да најдеме играч на таа позиција, му завршил договорот таму и ја искористивме можноста додека е во Европа и спремен е физички да видиме колку може да ни помогне на овие две утакмици. Се надевам дека ќе биде право засилување и дека ќе остане со нас до крајот на сезоната – изјави Мајран Србиновски, тренер на КК Куманово.

Браун за краткото време што е во Куманово успеал да се запознае со дел од соиграчите за кои има пофални зборови.

Многу сум возбуден што сум тука. Мојот впечаток за овие први часови што сум тука е дека луѓето се многу гостопримливи и среќен сум што сум баш тука. Не знам многу за македонската кошарка со оглед дека кратко сум тука, но ги гледав скоро сите натпревари на интернет, го видов и тренерот, публиката е доста опуштена, па мислам дека ќе имаме добра дружба. Се радувам што ќе играм тука и ќе им помагам на дечките во она што веќе го имаат направено до сега – изјави Браун.

Браун беше избран како дел од втората најдобра петорка во „Атлантик Сан“ конференцијата, откако во просек бележеше по 18,6 поени во дресот на Кенесо стејт. Тој се пријавил во драфтот на НБА-лигата што се одржа минатото лето, откако не беше избран од ниту еден клуб реши да се пресели во Европа, негова прва станица беше Никозија, Кипар, од каде Браун ќе му се приклучи на тимот на Куманово.

Својот прв настап во македонски дрес се очекува да го има утре, доколку управата успее да го регистрира за утрешниот меч.

Секако дека утакмицата со Струмица е доста тешка за нас, со оглед дека играме без Костоски. Екипата на Струмица е доста појачана за разлика од претходните утакмици што ги игравме во рпетходниот перид, очекуваме доста не тешка, но со оглед на условите во салата и со оглед на нашиот тим, ќе биде тешко и ќе мора да дадеме максимум доколку сакаме да извојуваме победа – додаде Србиновски.

Мечот против КК Струмица се игра утревечер со почеток во 19 часот во Спортската сала во Куманово.