Брачната двојка со осум деца веќе не е двојка, ниту пак децата се деца (фото)

Сподели со своите пријатели

Џон и Кејт Гослин јавноста ги запозна кога после близнаци добија шестрока. Тие веднаш добија понуда за ријалити, која ја прифатија, без да претпостават дека тоа ќе им ги промени нивните животни приказни – и тоа на подобро.

Loading...

Кејт и Џон биле само обична двојка која се венчала на 20 години и верувале дека нивната љубов ќе трае вечно. Сакале веднаш да станат родители, но не им поаѓало од рака, па отишле на вештачко оплодување. И девет месеци подоцна, на 8ми септември 2008 година ги добиле близначките близначките Кару и Меди.

По две години сакале да добијат уште едно дете. Меѓутоа, природата не била во согласност со тоа, па повторно отишле на вештачко оплодување. Овој пат, на 10ти мај 2004 година добиле ни помалку ни повеќе шест деца, односно три момчиња и три девојчиња: Алексис, Хана и Луј, како и Ејден, Колин и Џоел.

 Со тоа родителите на осумтте деца биле идеални кандидати за сопствената ријалити емисија, за која добиле повеќе од примамлива понуда, веднаш откако потпишале договор и го изложиле целиот хаос од своите животи на милински гледачки аудиториум.

Во почетокот публиката го сакала оваа семејство и постојано ги следела нивните семејни односи, па така почнале да приметуваат дека во бракот на Џон и Кејт не цветаат рози. По неколку месеци „шушкања“ и нагодувања што е со нив, и кога Џон е фатен како излегува со друга жена која не е во брак, потврдиле дека нивниот брак е на самиот крај.

Џон престанал да ја снима емисијата и во меѓувреме станал диџеј, менувал различни девојки и професии, но на среќа секогаш наидувал.

Од друга страна, Кејт продолжила да снима, па емисијата сего наместо John and Kate plus 8 сега се нарекува Kate plus 8. Се шпекулирало дека со години била во врска со својот телохранител, дека има финансиски проблеми и дека ги малтретира децата.

Таа и понатаму ја туркала истата приказна, а дури сама се понудила на Плејбој, но тие сериозно ја одбиле со објаснување дека не сакаат да ги објават нејзините голи фотографии.

Loading...

Минатата година започнала романса со милионерот Џозефг Прескот, сопственик на фото—штокот Dreamstime, но тој ја оставил поради помлада.

Иако рејтингот на емисијата по нивниот развој опаднал, а едно време истата била и прекината, оваа строга мајка и нејзините осум деца од кои две веќе тинејџери се вратија на екраните во голем стил, како вистински ѕвезди.

Еве како тие изгледаат денес.

kate plus 8_1000x0