Брачен пар од кумановско ограбен во Шупли Камен

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 12,10 часот во с.Шупли Камен – кумановско, додека С.Т.(56) и неговата сопруга В.П.(58) од Куманово, биле во дворот од нивната викендица, дошло непознато лице кое со закана со пиштол го внел С.Т. во викендицата, по што му ги врзал рацете и нозете со самолеплива лента, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Потоа, одзел паричник кој бил на масата и во кој имало 300 денари и лични документи, два мобилни телефони, а на крајот го одзел и нивното возило “Опел астра“ (во кое имало паричник со околу 500 денари и лични документи) по што го напуштил местото на настанот.

Увид извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето како и целосно расчистување на случајот.