Босанка одела од продавница до продавница и исплаќала туѓи долгови

Сподели со своите пријатели

Непозната девојка поминала низ повеќе продавници во Босна и Херцеговина и ги подмирила долгувања на купувачите кои изнесуваат повеќе илјади марки, не кажувајќи ниту збор за тоа кој е донаторот, пренесува „Алџазира Балканс“.

Продавачката Селма Ковач во четврток имала малку невообичаен работен ден.

Тој 15ти јуни за мене беше најсреќниот или најтажниот ден. Гледав како доаѓа автомобил на паркингот и од него излегува личност која не ја познавам. Влеува во дуќанот и не претставувајќи се праша за сопствениците. Со тивок глас ме праша дали даваме стока на вересија и дали имаме должници. На моето зачуедно „да“, одговори дека би сакала да ги подмири сите долгови настанати до моментот на нејзиното влегување во дуќанот. Јас во шок и неверување. Се прашувам дали тоа се оние добри луѓе за кои сме слушнале дека постојат, но не се среќаваат. Сите чувства ми беа измешани – рекла Ковач.

Сопствениците на некои од дуќаните веќе излепиле пораки до должниците дека нивните долгови сеподмирени. Сега чекаат реакција и велат дека не се сомневаат дека ќе се изнагледаат среќни лица.

Велат дека единствено што девојката октирла за непознатиот донатор било дека рекол дека сака да се почитуваат намерите на оној кој прави такви работи.

 

Loading...