Босанците направија бурек од 650 килограми: Се борат за влез во Гинис (видео)

Сподели со своите пријатели

Во Тузла е направен бурек од 650 килограми кој ќе се обиде да влезе во Гинисовата книга на рекорди. Освен бурек, направена е и порција со 1.5000 ќебапи.

Бурекот 12 часа го правеле кувари од ресторани од Тузла. Домашна, развиена јуфка од домашно брашно со должина од 1.500 метри и со домашно месо, го чини бурекот од шест метри во огромна тава, која на Плоштадот на слободата во Тузна е спуштена со дигалка.

Босанскиот бурек е неизоставен дел од исхраната на граѓаните, традицијата и гастрономската понуда.

Куварите, кои учествувале во правењето на џиновскиот бурек, сакаат да ја потикнат свеста на граѓаните да купуваат домашни производи и така да градат иднина на земјата.

– Со кпување на домашните производи ја зајакнуваме економијата, доаѓаме до нови работни места, а на крајот на краиштата, нашите производи во 90% од случаите се подобри од увезените, појаснуваат куварите.

Бурекот е поделен на граѓаните и бројните служби кои секојдневно се на располагање на граѓаните.

За три месеци ќе се знае дали овој бурек успеал да влезе во Гинисовата книга на рекорди во која не влезе досега најголемиот направен во Љубљана од 5,5 метри.

Loading...