Бонучи: Ова е Милан на Гатузо

Сподели со своите пријатели

Дефанзивецот на Милан, Леонардо Бонучи му честиташе на Џенаро Гатузо за трансформацијата на тимот по синоќашната победа на „росонерите“ со 1:0 над Сампдорија.

– Се се смени откако пристигна Гатузо. Формиран е тим, влеговме во подобра форма и сето тоа се должи на него. Направивме голем чекор напред и сега сакаме да продолжиме на овој начин. Гатузо ни донесе менталитет, чувство на припадност и физичка издржливост. Општо земено, тоа најмногу ни недостигаше. Претходно не бевме тим, ни недостасуваше силна психа. Но, напорно работевме за да ја постигнеме нашата цел, рече Бонучи.

– Јас преземам дел од одговорноста на моите рамења, но сега повторно се откривам. Гатузо ми помогна многу во овој поглед. Тој е одговорен за ова. На почетокот на сезоната, јас не ги прифаќав работите добро бидејќи дадов премногу значење на сè околу мене. Мислев дека сум спасител на овој клуб, но на сите им е јасно дека потребна е тимска работа. Сепак, се уште треба да поминеме многу долг пат, смета италијанскиот репрезентативец.

– Тренерот го притисна вистинското копче во вистинско време и ни ја даде потребната самодоверба. Тој не убеди дека Милан не треба да биде она што беше во првите неколку месеци од сезоната и ни ги пренесе неговите идеи, рече Бонучи, кој вчера постигна гол против Сампдорија, но тој беше поништен поради недозволена позиција.

– Знаев дека сум во офсајд, но славев затоа што сакав да уживам во моментот. Сепак, им реков на моите соиграчи дека сум бил во офсајд, додаде дефанзивецот на Милан./МИА

Leave a Reply