Бомба кашикара фрлена покрај седиштето на ДУИ

Сподели со своите пријатели

Експлозивна направа била фрлена во неделата вечерта во 21.45 часот во близина на седиштето на ДУИ на улица 170 во Мала Речица, тетовско, јавува портпаролот на СВР Тетово.

Loading...

Од силината на ударот, експлозивната направа направила кратер со 20 сантиметри пречник и десет сантиметри длабочина на улицата.

Во моментот на експлозијата,  во портирницата на седиштето на ДУИ имало едно лице кое било ангажирано како обезбедување и поминало без повреди.

Екипи на СВР Тетово и јавен обвинител извршиле увид уште во текот на изминатата ноќ при што пронашле и подигнале одредени траги за вештачење и работат на утврдување на видот на експлозивната направа, како и идентитетот и мотивите на можниот сторител или сторители.

Leave a Reply