Бојкотот на матурантите заврши поради губење на право на полагање државна матура

Сподели со своите пријатели

Според најновите информации, матурантите од утре го прекинуваат бојкотот на настава и ќе се вратат во училишните клупи. Тие, ќе бидат присутни во училиштата за времетраење на часовите, но нема да следат предавања, информираа од Средношколскиот Пленум. Одлуката е донесена на состанокот на Интерниот Средношколски Пленум од Куманово одржан вечерва.

Loading...

– Ние матурантите сме ставени во шах – мат позиција. Денеска при посета на Гимназијата, инспекторите не информираа дека доколку колективно не се појавиме уште два дена на училиште, ќе загубиме право на полагање на државна матура. Ние веќе немаме сила да се справиме понатаму. Затоа од утре ќе се вратиме во училишните клупи, ќе бидеме присутни за време на часовите, но нема да ги следиме предавањата, изјавија од Средношколскиот Пленум.

Од утре наставата ќе се одвива со редовна евиденција на часовите и учениците, но се уште нема никаква информација за тоа дали ќе се одработат трите дена загубени при бојкотирање.

Leave a Reply