Бојан Трајковски нов играч на Карпош Соколи

Сподели со своите пријатели

Поранешниот кошаркар на Куманово, Бојан Трајковски денес го стафи својот потпис на договорот со Карпош Соколи, за кој ќе настапува до крајот на сезоната, со можност истиот да биде продолжен на уште една година.

Крилниот центар доаѓа од Сигал Приштина, каде летово замина од редовите на КК Куманово каде. Токму Трајковски беше најдобриот поентер за Сигал Приштина на вчерашниот меч против избраниците на Србиновски.

Првиот натпревар Трајковски за Карпош Соколи ќе го одигра во БИБЛ лигата против Трепча веќе во среда.

 

Loading...