Богатите живеат 15 години повеќе од сиромашните

Сподели со своите пријатели

Парите и местото на живеење имаат голема улога во одредувањето на очекувачкиот животен век во Соединетите Американски Држави, заклучо на студија во која се тврди дека најбогатите Американци живеат во просек 15 години подолго од сиромашните.

Најбогатите американски државјани, што всушност значи 1% од популацијата, живеат во просек 15 години подолго од своите сограѓани со мали приходи, се наведува во истражувањето ан економистото Реј Чети од Стенфорд.

Авторите на студијата до таков заклучок дошле врз основа на податоците од американската порезна служба. Тие покажуваат дека богатите живеат подолго без оглед на тоа каде живеат, додека кај сиромашните местото на живеење има голема улога во животот и смртта.

Сиромашните жители на Сан Франциско, Лос Анџелес и Њујорк се поздрави од населението во индустриските зони и на помалку богатите подрачја во земјата. Експертите не знаат зошто е тоа така.

Резултатите покажуваат дека Американците со ниски годишни примања од околу 23 илјади долари имаат големи шанси да поживеат 89 години, а оние со мали приходи во Детроит, седиштето на американската автомобилска индустрија и во другите индустриски градови во просек доживеат 74 години.