Бобан Стајиќ потпиша за Куманово

Сподели со своите пријатели

Бобан Стајиќ од вчера и официјално е нов член на Куманово, откако плејмејкерот потпиша договор со оваа македонска екипа до крајот на сезонава, пишува спортскиот портал Екипа, кој додава дека кошаркарот вчера го имал и првиот тренинг со кумановци.

Само за потсетување, Стајиќ минатата сезона ја мина во дресот на Фени индустри, по што летово ја прифати понудата за враќање во МЗТ Скопје. Сепак, откако не ја доби посакуваната минутажа тој побара и доби раскин на договорот со шампионот, а од неколкуте понуди на негова адреса ја избра онаа на „сино-белите“ од северниот дел на Македонија.

Кумановци се решија да се откажат од натпреварување во БИБЛ, но сепак планираат засилување на играчкиот кадар, при што во преден план би биле исклучиво домашни кошаркари.

Извор: Екипа.мк / фото: Спортмедиа.мк

Loading...