Блокиран железничкиот сообраќај во Македонија (видео)

Сподели со своите пријатели

Возовите во Република Македонија денес не сообраќаат, откако над 200 вработени во „Македонски железници Транспорт“ денеска ја бојкотираат работата, поради доцнење на платите за декември и јануари, но како што велат и за лошите услови за работа.

Не се знае дали во текот на целиот викенд ќе останат затворени железничките перони во државата и кога може да се очекува нормализирање на сообраќајот, со оглед дека од раководството на Македонски Железници не се расположени да даваат изјави за медиумите.

Поради штрајкот, граѓаните кои користат месечен билет, ќе мора да издвојат и дополнителни средства за превоз со автобус, автомобил или такси, додека на вработените да им биде исплатена барем една од двете неисплатени плати.

Loading...
 ВИДЕО – ТВ21