Блокиран патот Куманово – Скопје, искршени прозорци на автомобилот на делегацијата на Ахмети (видео)

Сподели со своите пријатели

Група граѓани се собраа на влезот на кумановското село Черкезе, со намера да го спречат собирот на ДУИ и лидерот на партијата Али Ахмети со партиските активисти од Куманово, објави ТВ21.

Собирот на граѓани против ДУИ е организиран од семејството на Џемаил Реџепи – поранешен командант Шкипоња кој беше убиен минатото лето, по кавгите и пресметките на огранокот на ДУИ во Куманово.

Жителите го блокира патот кон ресторанот каде што требаше да се одржи собирот и средбата на Али Ахмети со активистите на ДУИ. Жителите своето незадоволство го искажаа и со крешење на стаклото на едно од возилата со кои пристигнала делегацијата на ДУИ.

Текстот е преземен од ТВ21