БИРН: Со државни пари се купувале мастики, јогурт, леб и Милка

Сподели со своите пријатели

Интернет страната Призма како дел од БИРН Македонија, по извршените истражувања од областа на новинарството, објави податоци за тоа, како и кое министерство трошело државни пари на конто на ресторантски сметки, репрезентативен материјал и останати материјални трошоци, а откако било поднесено барање за отварање на белешките поднесувани во секое министерство за правдање на направените трошоци.

Според објавените истражувања на БИРН, стои дека некои министерства се однесувале крајно нерационално со државните средства, па така речиси 730 илјади денари, односно над 11.800 евра МНР потрошило во кафеаната „Стара куќа“ во 2016 година.

Сметките што се правеле во оваа кафеана изнесуваат од 4 илјади денари па сè до 46 илјади денари за една вечера. Дел од овие сметки се правени и при посети на странски делегации, а за дел пак, на фактурата единствено стои дека угостителската услуга е направена од страна на тогашниот министер Никола Попоски. На некои фискални сметки што ги поседува БИРН може да се види дека во една прилика, на пример, биле нарачани 11 флаши вино „Александрија куве“ за речиси 200 евра. Вечерата чинела над 46 илјади денари.

Во ресторанот „Воденица“, пак, биле потрошени над 352 илјади денари односно 5.7 илјади евра за ручеци и вечери во 2016 година. Сметките изнесуваат од една илјада до 52 илјади денари, од кои највисоките цехови се правени при посети на странски делегации. И во останатите ресторани при посети на национални координатори од други држави или пак официјални делегации, за свечените ручеци и вечери се трошеле од 40 илјади до 60 илјади денари, објави Призма.

Од останатите пријавени трошоци, БИРН наведува дека тогашната министерка Елизабета Канческа Милевска има потрошено околу 690 евра за угостителски услуги, од кои највисоката сметка изнесува околу 100 евра, направена во ресторанот „Сушико“.

За разлика од неа, државниот секретар Бехиџудин Шехаби не штедел кога се работело за овие расходи. Според фикалните сметки, може да се види дека тој од бензинската пумпа Лукоил, преку фактура купувал мастики, цигари, чоколади и бомбони, а за една година има потрошено околу 2.5 илјади евра, се наведува во објавата на интернет страната Призма.

Извор и фото: БИРН

Loading...