Бинџување – нов заразен тренд кој се шири низ светот

Сподели со своите пријатели

Опсесивното гледање на серии се нарекува бинџување, а во оваа групација припаѓате ако барем некогаш во една ноќ сте одгледале од 2 до 6 епизоди од иста серија.

Бинџ трендот го зарази целиот свет, а пред се Американците кои предничат во оваа „болест на современо општество“ со скоро 70% луѓе кои постојано бинџуваат, со просек од пет епизоди одеднаш, како што пишува во истражувањето спроведено од „Нетфликс“.

Научниците од Универзитетот во Тексас спровеле истражување во кое учествувала група млади луѓе навозраст од 18 до 29 години, при што е докажано дека најчесто бинџуваат оние кои се осамени и во депресија.

Експертите велат дека овој вид на осаменост и апсивност може да стане нов тип на зависност кој дури може да ве вовлече во депресија.

 

Loading...