Бил жив поgребан три дена и сè пренесувал во живо од конвчегот (фото)

Сподели со своите пријатели

Во желба да дознае како е навистина да се биде под земја, Џон Едвардс одлучил да помине три дена и три ноќи закопан во мртовечки ковчег. 

Ковчегот во кој лежел бил направен специјално за него, така што димензиите биле 2,4 метри со метар на 1,3 метри и преносен тоалет. Низ две цевки кои од ковчегот водат кон земјата добивал воздух, а низ нив добивал и храна и вода. За да може да се вклучи на социјалните мрежи внатре имало и светло.

Поранешен наркоман и алкохоличар, Едвард имал и „средба со Бога“ пред 27 години и од тогаш не конзумира ништо од тоа.

Споредбено со зависноста имал и самоубиствени нагодни поради што изгубил дваесетина пријатели во изминатите години. Поради сето тоа решил да помогне на зависниците со молитва, а тие често му се обраќаат. Поради писмата, мејловите и поракие кои секојдневно му ги исрпаќаат, Едвард одлучил да мине три дена под земја.

Мојот план беше на нивните прашања да одговорам од гробот пред самите да погледнат во него. Сакав да им упатам целосна порака за надеж – рекол Едвардс.

Loading...

 

Доста му помогнало тоа што не бил клаустрофобичен, но не бил ниту исплашен.

Кога легнете внатре и се затвори ковчегот, го слушате фрлањето земја одозгора, малку е застрашувачки – рекол Едвардс за ВВС.

По се низ што поминал, почнувајќи од сексуалното злоставување и ментални проблеми, животот на улица, трансплантација на црн дроб до два тумори, станал вистински мајстор за преживување.

Сега има само една мисија, да помогне на што поголем број луѓе да се спасат.