Биктоин повторно руши рекорди: Сега вреди 8.000 долари

Сподели со своите пријатели

Биткоинот собори уште еден рекод и сега чини 7.998 долари.

Може да се каже дека претходните две недели беа турбулентни за оваа криптовалута, со оглед дека во еден момент падна на 5.500 долари.

Потоа, неговата вредност растеше, за да во меѓувреме порасне за 45%.

Истовремено, пазарната вредност на биткоинот, или вкупната вредност на тие пари во оптег порасна од 92 милијарди долари на 133,5 милијарди.

Вредноста започна да паѓа по пропаднатиот план за надоградба на биткоинот под име Segwit2x или скратено 2х, која би овозможила побрзи трансакции и ново цепкање на биткоинот.