Биг Бен „во пензија“ до 2021 година

Сподели со своите пријатели

Лондонскиот часовник „Биг Бен“ денеска на пладне се огласи за последен пат до 2021 година, поради градежни работи за реконструкција на кулата.

Ѕвоната на познатиот часовник во кулата на Елизабета на едно од крилата на Вестминстерската палата во 21 часот отчукаа 12 пати. Сите во Британија застанаа уште еднаш да го слушнат ѕвоното пред да „замолкне“ на четири години.

Сепак, ѕвоната веројатно ќе се слушаат пак, но само во специјални прилики како што е Нова Година или одвележување на Денот на сеќавањето.

 

Loading...

 

По 157 години непрекината работа, ѕвоното тешко 13,7 тони од денеска нема редовно да ѕвони поради безбедноста на работниците кои ќе бидат ангажирани во проектот за рекострукцијата на истото, но и на часовникот и кулата.

Тоа е најдолг период по 1857 година. Последен пат ѕвоната не се слушнаа во 2007 година, поради одржување, а претходно надвор од употреба беше во период од 1983 до 1985 година. Исто така звукот не се огласи ниту за време на погребот на британската премиерка Маргарет Тачер во 2013 година.