Библиотеката „Тане Георгиевски“ го одбележа Светскиот ден на книгата

loading...

Според стариот каталонски обичај Библиотеката „Тане Георгиевски“ го одбележa Светскиот ден на книгата и авторското право – 23-ти Април, а сите членови на библиотеката кои денеска ја посетија јавната установа добијаподарок книга и цвет.

Денот се одбележува како датум на кој светот го напуштиле двајца великани на книжевноста, Сервантес и Шекспир.

Светскиот ден на книгата прогласен од страна на УНЕСКО започнат е да се празнува од 1995 година. Целта е да се одаде признание на книгите и писателите и луѓето повторно да го пронајдат задоволството во читањето или да продолжат да уживаат во пишаните дела – изјави Марјан Петковски, директор на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“.

За моќта и значењето на книгата, што се таа може да постигне, колку голем придонес има во напредувањето во секое  животно доба, а особено во младоста, за овој најмоќен медиум на сите времиња, пишува во светската и македонската порака што ги испраќаат Генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова и професор др. Иван Џапаровски.

Во светската порака, Ирина Бокова истакнува: „Светскиот ден на книгата и авторското право е убав ден да се истакне големат амоќ на книгите кои ја пренесуваат нашата визија на општество засновано на инклузивно знаење, плуралистичко, праведно и отворено за учество на сите граѓани. Се вели дека хуманоста на едно општество се мери со степенот на грижата кон најранливите категории. Ако тоа се однесува на достапноста на книгите за лицата со оштетен вид, на оние со потешкотии во учењето или на оние со физички пречки од различни причини ќе се соочиме со фактот што слободно може да се нарече глад за книгите – истакна директорот Петковски “

Светскиот ден на книгата се одбележува од 1995 година, а за сите љубители на убавиот пишан збор од Куманово директорот на библиотеката најави дека за брзо време ќе има и ново збогатување на книжниот фонд.


Loading...

Последни наслови

Facebook Comments