БИБЛ: Кошаркарите на Куманово вечерва гостуваат во Тирана

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва со почеток во 18:30 часот го играат натпреварот во рамките на БИБЛ лигата каде ќе ги одмерат силите со составот на албанскиот клуб Тирана.

Засега кумановци бележат само една победа и два порази во рамките на Балканската лига, а вечерва ќе дебитираат со новиот тренер Александар Петровиќ.

До крајот на неделата во домашниот шампионат играат два натпревари во Спортската сала во Куманово, првин против составот на МЗТ Скопје Аеродром, а потоа и против Фени Индустри.