Безжичните рутери му штетат на здравјето

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 90 отсто од садниците што биле сместени во просторија со рутери, овенале, додека оние во соседната просторија останале недопрени.

Wi-Fi може да му наштети на човековото здравје, тврди данската научна група од училиштето Hjallerup. Во него учениците ги набљудувале ефектите од зрачењето на два безжични рутери врз шест садници билки кои се наоѓале во истата просторија и други шест кои се наоѓале во соседната просторија во која немало никаква опрема.

Ова е единствениот начин да го подобрите Wi-Fi сингалот во домот

Loading...

Во рок од 12 дена 90 отсто од билките во собата со рутерите овенале, листовите им потемнеле и и не покажувале знаци на живот, додека оние во соседната просторија останале исти. Членовите на научната група тврдат дека тоа очигледно ја покажува штетноста на модерната технологија која му штети на здравјето на луѓето ширум светот. Сепак, критичарите на оваа теорија велат дека садниците можеле да се исушат и заради самата топлина која ја зрачат рутерите, а не заради нивното штетно зрачење.

Резултатите на овој експеримент го поткрепува и истражувањето на холандските научници на Универзитетот Wageningen во кое тие изложиле на различни извори на зрачење во текот на три месеци 20 стебла на јасен. Лисјата на стеблата кои биле најблизу до изворите на Wi-Fi мрежата, постепено се сушеле и на крајот овенале.

Денеска околу 70 отсто од листовите на стеблата во градските зони покажуваат такви симптоми, додека пред пет години исти симптоми имале само 10 отсто од дрвјата, тврдат холандските научници. Тие сиаткнуваат дека е потребно да се спроведат натамошни истражувања за да се утврди вистинското влијание на Wi-Fi технологијата врз човечкото здравје.