Без струја утре неколку локации низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на утрешниот ден неколку локации низ Куманово ќе останат без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 08:30 до 15:00 часот прекини на електричната енергија ќе има на дел од улиците „Лесковачка“, „Видео Смилевски Бато“ и „Б.Б. Гуцман“.

Од 08:30 до 15:00 часот електрична енергија нема да има во селото Ваксинце.

Станува збор за планирани прекини на електричната енергија од страна на ЕВН Македонија.