Без електрична енергија денеска две улици во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во период од 08:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Карл Маркс“, додека во период од 09:30 до 13:00 часот прекини ќе има дел од улицата „Доктор Рибар“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Станува збор за планирани прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибутивната мрежа, со цел подобрување на услугата кон корисниците.

Во моментов нема други дефекти и прекини низ кумановското подрачје.