Бебе од 10 месеци тешко 28 килограми: Не може да лази и чекори, а мајката направила една голема грешка (фото)

Сподели со своите пријатели

Една мајка од Мексико, чиј десетмесечен син има проблеми со тежината, прозборила јавно за неговата мистериозна состојба, пренесува Дејли Мејл.

Исабела Пантоха (24) вели дека во почетокот мислела дека нејзиното бебе Луис Мигел расте поради нејзиното добро млеко, но дека сега е загрижена за здравјето на својот син. Момчето постојано оди во болница на прегледи, но и лекарите се збунети со неговата состојба.

 

Loading...

 

Препоставуваат дека момчето има Прадер-Вили синдром, генетско пореметување поради кое децат аимаат незаситен апетит и слаб тонус на мускулите. Меѓутоа, она што ги загрижува сите е фактот дек Луис дури и не јаде многу.

Лекарите размислуваат да го испратат на хормонски третман кој чини 555 долари, но проблем е што неговиот татко заработува само 200 долари месено.

 

 

Луис е роден со тежина од 3,5 килограми и неговиот постар брат Марио, но сега тој е многу поголем од него. Со два месеци имал 10 килограми, а потоа во наредните осум се здебелил уште 18 килограми.

Неговите родители отвориле Фејсбук страница и сметка во банката за да добронамерните луѓе може да донираат за лекувањето на нивниот син.

 

Loading...

 

Момчето сега мора да носи облека која е наменета за деца со три години.

Не може ниту да чекори, ниту да лази поради звојата тежина, а во болница на тестовите мора да оди дури четири пати во неделата.

 

 

Хирургот Силвија Орозко контактирала со родителите и заклучила дека неговиот живот би можел да биде во опасност.

Сега очекува резултати со анализи од САД. Лекарката претпоставува дека мајката на момчето довела до неговата сегашна состојба.

 

 

Се сомнева дека во текот на бременоста не внесувала доволно хранливи материи, што довело до тоа жлездите кои управуваат со неговиот метаболизам да бидат помали.