Барселона го освои шпанскиот Суперкуп

Сподели со своите пријатели

Барселона со севкупни 5:0 ја победи Севиља во шпанскиот Суперкуп. Каталонците на Камп Ноу славеа со 3:0, а прво име на средбата беше на Турчинот, Арда Туран кој даде два гола.

Туран даде гол за водство на Барселона во 10 минута на асистенција од Меси. Вториот гол го постигна веднаш по отворањето на вториот дел (46 минута), а десет минути подоцна голот на Меси пресуди со конечните 3:0.

Иван Ракитиќ натпреварот го зпаочна на клупа, па влезе само во последните 20 инути и имаше еден опасен удар кон вратите, но Рико успеа да одбрани.

Севиља имаше можност да го направи двобојот поинтересен, но не го искористи акзнаениот удар за Барселона, па така тие само ја зголемија својата разлика.

 

Loading...