Барала автограм од Хитлер и го бакнала, а поради неговата реакција снимката долго била забранета (видео)

loading...

Иако бил еден од најголемите злосторници од Втората светска војна, не е тајна дека одредени жени го обожавале Адолф Хитлер, посебно пред крвавиот чин. Тоа докажува и снимка на која се гледа жена која од него бара автограм, а потоа го бакнува, што предизвика лутина кај нацистичкиот лидер.

На снимката е Карла де Вриес од Калифорнија, која го бакнала Хителр кога му барала автограм, за време не Олимписките игри во Берлин во 1936 година.

ХИТЛЕР Е ЖИВ: 128-годишен старец тврди дека е нацистичкиот лидер (видео)

Хитлер повеќе пати се обидел да ја избегне, но снимката долго била забранета за германската јавност, затоа што прикажува дека нацистичкото обезбедување е слабо.

Карла патувала по Европа и се обидела да го фотографира Хитлер од непозната близина. Успеала да се пробие низ неговите безбедносни кругови.

По овој инцидент Хитлер отпуштил некои од припадниците на неговото обезбедување.

Именикот на Хитлер продаден на аукција за неверојатни 33.000 фунти

– Тоа беше импулсивно. Дојдов да го фотографирам. Тој се наведна и ми се насмевна, што ми изгледаше пријателски. Кога ми даде автограм, продолжи да се смее, па го бакнав, рекла таа.

Нацистичкиот лидер Олимпијадата ја користел да ја промовира својата нацистичка идеологија и забранил учество за Евреите. Кога другите народи се заканиле со бојкот дозволил спортисти на други етнички групи да бидат дел од неа.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments