„Бар Гладијаторс“ го организира вториот Меѓународен street workout турнир во Куманово

Сподели со своите пријатели

„Бар Гладијаторс“ во недела по втор пат го оранизира Меѓународниот street work out натпревар кој ќе се одржи во „Гладијатор арената“, односно во мини паркот зад СОУ „Перо Наков“.

На турнирот учество ќе земат повеќе спортисти од државава, но и од Србија и Бугарија, а самото пријавување за натпреварите ќе се одржи на лице место во недела од 10 до 11 часот, со што се остава можност сите заинтересирани кои се занимаваат со ваквиот спорт да се пријават.

На натпреварот очекуваме присуство на најсилната street work out во Србија, од Нови Сад потекнува, се вика „Bar Strong“, ќе доаѓа Лука Кузман, Срѓан Арсеновиќ и се надеваме уште некои членови од нивната екипа, исто така Елена Љубенова, таа од Софија, Бугарија, исто така таа оваа година ќе учествува на Светското првенство во Русија, кое ќе се одржи во Москва. Очекуваме исто така натпреварувачи од Рума. Имаме повеќе дисциплини, со телесна тежина, „power competiton“, тука се подразбираат пропаѓања со 48 килограми на себе, згиб со 32 килограми, чучањ со 80 килогрмаи и слично, а дисциплините со телесна тежина вклучуваат руски згибови, пропадања и склекови – вели Даниел Каранфиловски од „Бар Гладијаторс“.

Оваа година во рамките на натпреварот ќе има и женска категорија во неколку подисциплини.

Ќе имаме женска категорија, женски склекови и тие исто така ќе прават чучањ со 40 килограми на себе. И главната дисциплина од сите, „фри-стајл“, кој ќе има борба на натпреварувачите еден против еден и ќе биде многу интересно. Сега би сакал да заблагодарамна спонзорите кои многу ни помогнаа оваа година за разлика од претходната, а тоа се: Етно ресторан „Ранч“, Ресторан „Палас“, Summer Club Space, мото-делови „Топ ган“, „Конан џим“, „Микрографикс“, „Нида компани“ кои ни обезбедија песок во паркчето, ЈП „Водовод“, Општинскиот сојуз на спортови од Куманово, ЈП „Чистота и зеленило“ – додава Каранфиловски.

Покрај учесниците од другите клубови, околу десетина спортисти од Куманово ќе бидат дел од оваа спортска манифестација за која подготовките се во завршна фаза.

Пред се морам да ги пофалам младите Бар Гладијатор Јуниорс кои ни помогнаа оваа година околу организацијата, така да и тие ќе не претстават на овој натпревар, ние ќе бидеме дел од организацијата и главни судии. Секако дека има одзив, ние го одбираме најдобриот квалитет, а за тоа треба дисциплина и многу работа, преферираме квалитет, а не квантитет – вели Роберт Ангеловски од „Бар Гладијаторс“.

Ова е втор пат како се организира овој турнир од меѓународни рамки, за кој се изработени и пехари и медали за оние кои ќе остварат најдобри резултати.

Првиот натпревар во Македонија кој се одржа минатата година во Куманово за прв пат помина во најдобар ред, организацијата беше добра, но за разлика од минатата година сега организацијата е уште подобра, затоа што имаме уште повеќе спонзори и посебен поздрав до Милан Милосајлевиќ. Најверојатно оваа година публиката ќе биде поголема, бидејќи паркчето е средено и има наместено повеќе клупи. За првитте места, најдобрите добиваат пехар, а второто и трето место добиваат медали – изјави Гордан Крстиќ од „Бар Гладијаторс“.

Пријавувањето ќе треае во недела од 10 до 11 часот, по што ќе започнат првите натпревари во „фри стајл“ категорија.