Bar Cube утре го слави деветиот роденден!

Сподели со своите пријатели

9 години поминаа откако Bar Cube започна да ја пишува историјата на добри забави во Куманово. Набргу стана место каде младите го минуваа слободното време и се дружеа со најдобарата музика и забава. 

Bar Cube е место на кое повеќе генерации уживале и се забавувале, место каде се родени многу љубовни приказни и испишани незаборавни моменти со пријателите.

Затоа Bar Cube организира голема роденденска забава, заедно со вас да го одбележи својот 9ти роденден. Забавата започнува утревечер во 21 часот со музиката на Симоновски. Cube ве кани заедно да го одбележите успешното работење, а ветуваат одлична забава како и секогаш.