Автомобил се запали на наплатната рампа Романовце

Сподели со своите пријатели

Автомобил, стрништа и сува трева во текот на вчерашниот ден гореле на територијата на кумановско, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Патничко моторно возило од засега непознати причини се запалило на наплатната рампа Романовце вчера во 09:10 часот. Веднаш била повикана противпожарната единица Куманово, кои со четворица пожарникари и едно возило го изгаснале возилото во 09:55 часот.

Интервенција бележат и во атарот на селата Матејче и Виштица. Таму гореле сува трева и стрниште. На терен дејствувале четворица пожарникари со едно противпожарно возило во период од 12:20 до 16:35 часот.

Третата интервенција исто така била на запалено стрниште, овој пат во атарот на село Речица. Тројца пожарникари го изгаснале огнот во период од 13:10 до 14:30 часот.

Во 15:15 часот сува трева се запалила во атарот на селото Шупли Камен. На терен веднаш била испратена екипа од тројца пожарникари кои огнот го ликвидирале во 17:15 часот, стои во извештајот на РЦУК.