АВМУ: Медиумите обезбедија генерално еднакво изборно претствување

Сподели со своите пријатели

Програмските сервиси на државно ниво опфатени во првиот круг од локалните избори генерално обезбедија еднакви услови за пристап до сите облици на изборно медиумско претставување, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медуимски услуги.

Според АВМУ, голем дел од нив вложиле напори да организираат и дебатни соочувања на учесниците во изборниот процес, но како што потенцираат од Агенцијата, дел од кандидатите учествувале во посебните информативни емисии кај едни медиуми, а не одговарале на повици на други медиуми.

Јавниот радиодифузен сервис и Собранскиот канал ги исполниле обврските да обезбедат бесплатно политичко претставување кое учесниците во изборната кампања го искористиле со различен интензитет. како што посочуваат од АВМУ, карактеристоично е што партиите на Албанците во Македонија не ја искористиле можноста за бесплатно претставување.

Во последните девет дена од изборната кампања од 5 до 13 октомври радиодифузерите што емитувале програма на македонски јазик, во вестите биле фокусирани на известување на кампањите на двете коалиции кои имаа најголем број потврдени листи со кандидати за градоначалници и советници. едната предводена од СДСМ, другата од ВМРО-ДПМНЕ. Радиодифузерите, пак, што емитуваат програма на албански јазик, имале квантитативно повоедначен пристап во известувањето, а и едните и другите квалитативно настојувале да обезбедат еднаков третман.

Во овој извештаен период не било констатирано прекршување на барањето за правично избалансирано и непристрансо покривање на изборите.

Извор: МИА

Loading...