Атина Мургашанска нов претседател на Советот на Општина Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

Атина Мургашанска од СДСМ ќе претседава со Советот на Општина Куманово во следните четири години, оваа одлука денеска ја изгласа новиот советнички состав на првата, конститутивна седница.

Мургашанска е правник, а работи во Североисточниот плански регион, воедно е претседателка на Форумот на жени на СДСМ од Куманово.

 

Loading...

 

Во гласањето за претседател, освен нејзиното име, тука беше и името на советникот Борислав Додевски од ВМРО-ДПМНЕ, но сепак поддршката ја доби Мургашанска, која на локалните избори беше носител на листата кандидати за советници на Коалицијата за живот во Македонија.

– Искрено сум и длабоко убедена дека ќе имаме успешна и плодна соработка со советниците , дека ова ќе биде локален дом на демократијата каде што со плодна конструктивна дискусија , со креативни предлози , квалитетна демократска расправа ќе дојдеме до најдобри решенија во донесувањето на одлуките за кои е надлежен советот. Сите овде независно од политичката определба, независно од етничката од другата припадност сме со иста цел да креираме такви политики, да донесуваме такви одлуки , да работиме за подобар живот на граѓаните на општина Куманово. се надевам и на успешна соработка со новоизбраниот градоначалник Максим Димитриевски,  изјави Мургашанска.

 

 

Градоначалникот Максим Димитриевски најави добра соработка со претседателот, но и со сите други советници со цел работа од заеднички интерес за граѓаните на Куманово.

– Очекувам максимална соработка со претседателот на советот и со сите членови на советот да го штитат интересот на граѓаните , советот е претставнички орган на граѓаните, и треба во вистинска смисла на зборот да го претствува тоа, а тоа е да ја претствува волјата на граѓаните, барањата и потребите . јас како поранешен член на советот кој што доаѓа од редовите на советот и од претствничката демократија од Собранието, изјави Димитриевски.

 

Loading...

 

Претходно на седницата беа верификувани мандатите на новите советници, дадоа свечена изјава, но беа избрани и комисии кои ќе одлучуваат по одредени прашања од локалната самоуправа.

Следната седница е закажана веќе за вторник, додека во сабота од 12 часот ќе се одржи Свечената седница по повод Денот на ослободувањето на Куманово.