Астрономите веќе го забележале автомобилот на Илон Маск во Вселената (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Компанијата “Space X“ на милијардерот Илон Маск ја лансираше својата „Falcon Heavy“ ракета, најсилната која моментално постои, а која во вселената однесе и автомобил на „Тесла“. И покрај тоа што Маск истакна дека нема да го следи автомоилот, тоа не беше последен поглед на него.

„SpaceX“ лансираше ракета „офлајн“ – Носела таен сателит на Владата на САД

Loading...

Имено, италијански астрономи кои учествуваат во проектот „Virtual Telescope“ веќе успеале да го забележат патот на автомобилот низ Сончевиот систем.

Фотографиите ги направиле со помош на систем роботски телескопи во опсерваторијата Танагра во Арзина, само два дена по полетувањето на ракетата „Falcon heavy“.

SpaceX го планира она што досега не им успеа ниту на Facebook ниту на Google

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украдената технологија за батерии на Tesla продадена на YouTube

Сепак, многумина беа разочарани со фактот дека на фотографијата не се гледа црвената точка, туку светлосен отсјај кој наликува на ѕвезда (на средината на фотографијата).

 

 

Трагот кој го оставил „Тесла роудстер“ исто така може да се види и на фотографијата подолу.

 

 

Loading...

И покрај тоа што делува тешко да се забележи автомобилот од останатите небесни тела, астрономите велат дека многу лесно го пронашле објектот.

– Беше многу светол и бргу се движеше во однос на останатите тела. Во моментот на настанувањето на фотографијата, беше одалечен од нас 470.000 километри, рекле тие.

„Тесла роудстер“ моемнтално се наоѓа на патот кон Марс. Во автомобилот на местото на возачот се наоѓа кукла, кај воланот пишува „Без паника“, што е алузија на познатиот „Автостоперски водич низ галаксијата“ од Даглас Адамс, додека на еден од деловите во внатрешноста на автомобилот пишува „Направено од луѓето на Земјата“. Освен тоа, на радиото за време на лансирањето е емитувана песната „Space Oddity“ од Дејвид Боуви.

Инаку експертите, сметаат дека автомобилот би можел да се распадне веќе по година дена. Имено, пластиката која се наоѓа во автомобилот не е отпорна на драстични температурни промени, а истото важи и за куклата.

Leave a Reply