Асенсио имал понуди од пет клубови – три се од Премиер лигата

Сподели со своите пријатели

Талентираниот офанзивен играч на Реал Мадрид, Марко Асенсио откри дека добил понуди од пет различни клубови и ќе почне да им обрнува посериозно внимание, ако ситуацијата на „Сантијаго Бернабеу“ не се промени за него.

Дваесет и две годишниот шпански репрезентативец има 20 натпревари во Примера оваа сезона, но голем дел од нив се како резерва. Асенсио кој инсистира за повеќе време на теренот, го направил признанието за петте добиени понуди пред „Диарио Гол“. Изданието претпоставува дека овие клубови се Челзи, Ливерпул, Арсенал, Јувентус и Баерн Минхен.

Асенсио има договор со Реал до 2023 година. Друг интересен дел од материјалот на „Диарио Гол“ е дека претседателот на „белите“, Флорентино Перез го утешил играчот и му гарантирал дека „идниот тренер на Реал Мадрид“ го сака во тимот. /МИА

Leave a Reply