Арапската лига ги повика земјите да ја признаат државата Палестина

Сподели со своите пријатели

Претседавачите на Арапската лига Ахмед Абул-Гејт ги повика земјите од светот да ја познаат државата Палестина со источниот дел на Ерусалим како главен град, како одговор на одлуката на американскиот претседател Трамп, Ерусалим да го признае за престолнина на Израел.

Гејт, на почетокот на вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на Арапската лига во Каиро, рече дека одлуката на Трамп ја осудила земјата која ја прифаќа и администрацијата која ја донела.

Таа одлука, како се нагласува, ја доведува во прашање улогата на Вашинтон како мировен медијатор, не само на Блискиот исток, туку во целиот свет.

– Таа оедлука станува легализација на окупацијата, рекол Гејт, алудирајќи на израелската окупација, а потоа и анексијата на источниот дел на Ерусалим во 1967 година.

Министрите за надворешни работи на земјите од Арапската лига се собраа во Каиро на состанок за да се договорат за заеднички договр на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за престолнина на Израел.

Состанокот на Арапската лига кој ги собра министрите за надворешни работи, се случува во време кога продолжуваат протестите веќе трет ден по ред на Западниот брег на појасот Газа.

Не е јасно каква одлука ќе донесат министрите, но арапските дипломати, кои сакаат да останат анонимни, зборувале за поднесување нацрт резолуција со која се осудува потезот пред Советот на безбедноста на Обединетите нации и мерките кои се однесуваат на билатералните односи помеѓу државите членки на Арапската лига и Вашингтон.

Како пренесуваат светските агенции, палестинскиот претседател Махмуд Абас нема да се сретне со потретпседателот на САД, Мајк Пенс за време на неговата посета на регионот и нема да има комуникација помеѓу американски и палестински политичари.

И египетската коптска црква денеска соопшти дека нема да се сретне со Пенс, кога ќе биде во посета на Каиро на 20. декември, поради одлуката на Ваштингон, а АП наведува дека слично реагирал и директорот на универзитетот Ел Азхар, водечка установа на исламската наука и образование во светот.

Стотина верници протестираа против одлуката на Трамп по молитвата во петок во џамијата Ел Азхар, но силите на безбедноста ги спречија да продолжат кон центарот на градот.

Неговата одлука за признавање на Ерусалим и преместувањето на американската амбасада од Тел Авив во тој град, наиде на осуди ширум светот, па дури и кај некои сојузници кои истакнуваат дека беспотребно предизвикала конфликт во регионот кој веќе е исполнет со насилство, наведува агенцијата.

Прашањето за статусот на овој град лежи во суштината на израелско-палестинскиот конфликт, а потегот на Трамп широко е прифатен како здружување со Израел.

Дури и помала криза по прашањето за статусот на Ерусалим и светските места во древниот Стар град во минатот предизвикувале крвопролевања, потсетува агенцијата.