Арачиновец со пиштол се обидел да убие 23-годишен кумановец

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.К. (23) од Арачиново поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело ,,убиство во обид”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 03.07.2017 година околу 23.40 часот на ул. „Тоде Мендол“ во Куманово, по претходна вербална расправија со  М.Б. (23) од Куманово, пријавениот од пиштол испукал еден куршум во воздух, а потоа го вперил пиштолот  кон М.Б.. Додека М.Б. се обидувал да избега, А.К. испукал уште пет куршуми.

После тоа, со возило побегнал од местото на настанот.