Ар Кели исфрлен од две куќи поради неподмирени сметки

Сподели со своите пријатели

Американскиот пејач Ар Кели е исфрлен од две куќи во Атланта поради неплаќање кирија.

Од судските документи, кои беа објавени во американските медиуми, се гледа дека Кели должи над 30 илјади долари за неплатени кирии на компанијата „Ес Би проперти менаџмент“.

Според судските документи музичарот за две куќи, што се наоѓале на оддалеченост од три километри, требало да плаќа месечно по 14.542 долари.

Инаку против повеќекратниот добитник на наградата Греми се води и истрага поради сомнеж дека во своите куќи држел жени против нивна волја. /МИА

Leave a Reply