Апсења на принцеви и министри во Саудиска Арабија

loading...

Саудиските власти денеска продолжуваат со чистката поради корупција и наводни апсења на еден од водечките бизнисмени во оваа држава. Исто така многу сметки се замрзнати и направена е листа за забрана за летање.

Во понеделник Насер бин Агел ал-Тајар, член на одборот на најголемата туристичка компанија во Саудиска Арабија, наводно се нашол меѓу притворените од изминатите денови, а меѓу кои се наоѓаат и некои од највлијателните функционери и бизнисмени во оваа држава.

 

 

Меѓу притворените има и 11 принцеи, четири министри и неколку поранешни министри, а многумина сметат дека оваа чистка е без преседан во блискоисточното кралство.

Драматичните чекори се последица во серијата мерки на престолонаследникот Мохамед бин Салман кој сака да го зацврсти своето влијание.

Во сабота кралот Салман бин Абдулазиз ал Сауд објавил дека неговиот син Мохамед бин Салман ќе ја контролира новоформираната комисија за борба против корупцијата во државата.

 

 

Во соопштението објравено преку Саудискиот центар за меѓународни комуникации, претседателот на антикорупциската комисија Кхалид бин Абдулмохсен Ал-Мехаисен вели дека доказите за прекршоци и погрешно водените финансии, кои недоамна биле откриени, укажуваат на раширена корупција во многу случаи.

– Одговорност на новата антикорупциска комисија е да осигура истрагите на тие случаи да бидат компетирани и да се спроведе силата на законот, вели тој.

Генералниот обвинител шеикот Сауд ал-Мохеб аведува дека чистката е само прва гфаза и дека приведените се испитуваат.

– Вчерашните настани не претставуваат почеток туку финализација на Првата фаза на нашата борба против корупцијата, вели Мојеб кој додава дека истрагите биле направени дискретно за да се сочува интегритетот на правните чекори и да се осигура дека никој нема да избега од правдата.

 

 

Принцот Алвелеед бин Талал, бизнисмен и милијардер кој е сопственик на инвестициската фирма Кингдом Холдинг, се наоѓа меѓу притворените, наведува агенцијата Ројтерс, која се повикува на неиуменуван високопозициониран извор.

Меѓу притворените се и високопозиционирани министри кои неодамна добиле откази, како принцот Митааба бин Абдулаха, првиот човек на Националната гарда, како и министерот за економија, Адела Факиха.

Саудиските банки неодамна започнаа да ги замрзнуваат банкарските сметки на сомнителните личности.

Сите овие случувања во саудиската администрација се случуваат неколку месеци откако кралот Салман на местото престолонаследник, наместо неговиот роднина Мохамед бин Најеф, го постави својот син Мохамед.

Мохамед бин Салман е одговорен за бројни смени во домашат аи странската политика откако е објавено дека е првиот во редот за престолот.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments