Априлската просечна нето плата изнесувала 22.672 денари

Сподели со своите пријатели

Просечната нето плата по вработен за месеџ април изнесува 22.672 денари, што е зголемување од 1,4% во однос на истиот месец од минатата година, бојави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи на зголемената просечна месечна нето плата исплатена во секторите за информации и комуникации, каде има зголемување од 22,4%, рударството и вадење камен со 14,7% и трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоџикли.

Просечната бруто плата по вработен во април изнесувала 33.296 денари, додека пак 0,9% од вработените не зеле плата истиот месеџ.

 

Loading...