Апел за помош за малата Биле од Кратово која боледува од тумор на мозок

Сподели со своите пријатели

Билјана Пешевска на 22 април ќе наполни 9 години. Деновите ги минува со својот три години постар брат Лука и таткото Даниел. Живеат во две сопчиња без бања во кратовското село Трновац, а се издржуваат од социјалната помош од 2.500 денари.

Мирниот идиличен живот на село беше прекинат на 29 јануари оваа година, кога малата Биле со силни главоболки итно беше префрлена на скопските клиники. Таму лекарите откриле дека Биле има медулобластом, односно брзорастечки тумор на малиот мозок. Доктор Чапароски итно ја оперирал и го отстранил туморот со големина на помала мандарина. Биле храбро ја издржала операцијата и се врати во својот скромен дом, но наскоро треба да замине на зрачење и да прима хемотерапија. Таа секојдневно ќе патува стотина километри во еден правец, и тоа најмалку шест недели, а семејството Пешевски е во социјален ризик и нема можност да ги покрие трошоците. Таткото Даниел е со нарушено здравје долги години и не може да заработи за нормален живот на децата.

-Ги молам сите хумани хумани луѓе финансиски, во рамките на своите можности, да ни помогнат. Мојата ќерќичка Биле ненадејно заболе од лоша болест, а јас не сум во можност поради нарушено здравје да ги покријам сите трошоци за лекување и патување – вели таткото Даниел.

Малата Биле неколкупати се расплака пред камерата, кажувајќи ја со растреперен глас својата најголема роденденска желба. На 22 април, кога ќе полни 9 години, да не пречека здрава и насмеана, а добрите луѓе да и помогнат да ја победи лошата болест. И да добие лаптоп.

Децата се невини суштества и го заслужуваат нашето милосрдие. Сите што сакаат да го помогнат семејството Пешевски, тоа можат да го сторат преку парична донација од земјава или од странство на трансакциската сметка на таткото Даниел.

Даниел Пешевски
Централно-кооперативна банка
Денарска с
метка320-5000266219-22

Девизна сметка ЕУР
IBAN MK07 3205 4002 6635 209
SWIFT CECBMK22
CENTRAL COOPERATIVE BANK AD SKOPJE

Loading...

Девизна сметка УСД
IBAN MK07 3205 1002 6635 162
SWIFT CECBMK22
CENTRAL COOPERATIVE BANK AD SKOPJE

 

Преземено од: aberdzija.com