„Anonymos Albania“ ги хакираше сајтовите на Основен и на Врховен суд

Сподели со своите пријатели

Албански хакери, кои се претставуваат како „Anonymos Albania“, последните денови изведоа големи напади, н грчките и српските веб-сајтови, како  владини, така и на медиумски портали, сега на нејзината листата ја додадоа и македонската држава, пишува порталот infoshqip.com, пренесува Нетпрес.

„ Anonymos Albania “, исто така, во понеделникот ги нападнаа и страниците на Основниот суд и на Врховниот суд како протест против пресудите за случајот во кумановскатата „Дива населба“.

Во моментов пристапот до споменатите страници е отежнат, иако не може да се добие официјална потврда, ниту извештај.

 

Loading...

 

Албанските хакери, исто така, планираат големи сајбер напади, на историските датуми на Албанија, 28/29 ноември (Денот на независноста на Албанија), врз сајтовите на трите споменати држави, пишува порталот.

„Веб-страниците на Основниот Суд и на Врховниот Суд на Македонија се….(DOWN) Оваа е знак на протест од нас до вас.. Ослободете ги јунаците од Куманово… Чекајте нѐ… Ние сме „Anonymous Albania” … За одбрана на албанскиот народ… За голема Албанија“, наведуваат хакерите во пораката на социјалните мрежи.

фото: Академик.мк