Андроид апликации кои помагаат при лоша интернет конекција

Сподели со своите пријатели

Кога треба на брзина да дојдете до информации или нешто да објавите, а интернет конекцијата е слаба, корисно е да имате некои од овие апликации за Андроин при рака.

Google Go

Google Go (5мегабајти) е верзија на добро понзатата апликација на Google за Андроид која ќе ви помогне при сурфање на веб кога имате работа со нископропусна врска. Доаѓа со вградено гласовно управување кое нема потреба од високобрзинската интернет врска, а во поставките можете дополнително да си подесите јазик, како и помала потрошувачка на податоци.

 

Loading...

 

Datally

Datally е алатка на Гугл за следење и управување со податоци, поддржана од вештачка интелигенција. Овозможува следење на користењето податоци, блокирање апликации и сервиси кои „голтаат“  податоци, како и приказ на блиски Wi-Fi мрежи.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

 

Opera Max

Opera Max е бесплатна услуга за виртуелни привани мрежи (VPN) создадена за да се намали потрошувачката на податоци. Поради заштета, интернет прометот кој не е екриптиран ќе биде пренасочен на Opera web service и алгоритмите пред да се најдат на вашиот уред.

 

Loading...

 

Facebook Lite

Facebook Lite е многу полесна верзија од Facebook апликацијата која ги нуди скоро сите основни функции, освен стримингот во живо, управување со групи истраници у уште некои ситници. Ќе ви пристинуваат известувања и функционира четот.

 

 

Messenger Lite

Messenger Lite е полесна верзија од истоимената Facebook апликација, добра алтернативаи кога сте на послаба мрежа. Нема огласи и промоции, нема приказни и четботови. Само вие и луѓето со кои зборувате.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО: Секое шесто дете е жртва на сајбер-малтретирање

 

YouTube Go

YouTube Go е верзија на популарната YouTube апликација за преземање и споделување видеа за што не е потребна брза интернет врска.

 

Loading...

 

NetGuard

NetGuard е апликација богата со функции за firewall кои ќе ви дадат целосна контрола над тоа која апликација или сервис ја користи вашата интернет конекција.

 

 

Вклучување штедлив начин на работа во вашиот пребарувач

Без оглед дали користите веб пребарувач на Google Chrome, Opera Mini ili Mozilla Firefox за Андроид, во секој ќе најдете штедлив режин на работа. Вклучете го и заштедете до 50 отсто на прометот на податоци додека сурфате.

Leave a Reply