Андреевски: Се увезува поскапа струја за неверојатни 41.7 проценти (видео)

Сподели со своите пријатели

На прес конференција денес Претседателот на Комисијата за енергетика од редовите на СДСМ обвини дека според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика на ЕВН е наложено да увезува струја од слободниот пазар за 51.46 евра по мегават час.

Според зборовите на Андреевски, последните податоци од берзите на електрична енергија во регионот бугарската Берза 1, Берзата во Србија 2, унгарската Берза 3, хрватската Берза 4 покажуваат дека цената на струјата на слободниот пазар е 30 евра по мегават час.

Зошто, ако е падната цената на електричната енергија на слободниот пазар, Регулаторната комисија за енергетика и дозволува на ЕВН да набавува струја поскапа за 20 евра по мегават час? Каде завршуваат 41.7 проценти вишок пари, земени од граѓаните на Република Македонија, со дозвола на Регулаторната комисија за енергетика? Регулаторната комисија за енергетика има обврска да ги штити интересите на граѓаните на Македонија, а не политички и бизнис интереси. Ќе потсетам дека Комисијата во јули 2012 година ја зголеми цената на струјата за приближно 10 отсто, поради зголемени трошоци за увоз на електрична енергија на ЕЛЕМ – изјави Андреевски.

Тој упати барање до РКЕ да ја намалите цената на електричната енергија поради падот на цената на струјата на слободниот пазар и порача дека владините меидуми нема да ја спречат вистината да излезе на површината.